(ВИДЕО) Јокиќ блиску до квадрипл-дабл, но Денвер загуби од Бруклин

0Shares
0 0

Српскиот репрезентативен центар одигра уште еден извонреден индивидуален натпревар, но не успеа да му помогне на својот тим да дојде до победата.

Бруклин Нетс на домашен терен славеше со 122-118, на крилјата на Кевин Дурант кој постигна 34 поени, 13 асистенции и девет скока. Никола Јокиќ се обиде да парира, но не можеше сам. Ѕвездата на Денвер реализира 23 поени, 11 асистенции, 8 скока и 7 украдени топки, а Нагетс го тоа претстави како ефект блиску до квадрипл-дабл, каков што во историјата на НБА оствариле само четворица кошаркари: Нејт Тармонд, Албин Робертсон, Хаким Олајџувон и Дејвид Робинсон.

По овој натпревар Денвер и натаму е надвор од плеј-оф зоната, на десеттото место во Западната конференција, додека Бруклин дојде до седмата позиција на Истокот, со биланс 6/6.

0Shares
0 0