(ВИДЕО) Јокиќ ги засени браќата, Денвер победи првпат по две недели

0Shares
0 0

Целата фамилија Јокиќ се подготвуваше за гостувањето на Денвер во Мајами како да е седми натпревар од финалната серија во НБА.

Причините ги знаат сите, инцидентот од пред три недели во Колорадо кога во главна улога беше Никола, а го нападна противничкиот кошаркар Маркиф Морис. Уште тогаш неговите браќа најавија дека ќе присуствуваат на следниот дуел на овие две екипи, а тој се одигра ноќеска на Флорида.

Страхиња и Немања си беа уредно седнати во прв ред, околу нив имаше големо обезбедување, но проблеми не направија. Во главна улога, сепак, беше Никола кој му ја донесе на Денвер првата победа по шест порази, односно прва по пауза од две недели.

Нагетс победија со 120-111, имаа и +23 во текот на мечот, а Мајами во второто полувреме не беше ни блиску до својот ривал. Јокиќ го заврши натпреварот со 24 поени, 15 скока и 7 асистенции, на спротивната страна му парираше Адебајо со 24 поени и 13 скока. За Мајами ова беше само втор пораз на домашен терен оваа сезона, а Денвер се качи на седмата позиција на табелата во Западната конференција, со идентичен биланс како Мемфис.

0Shares
0 0