(ВИДЕО) Јокиќ го немаше, Дончиќ го разнесе Денвер

0Shares
0 0

Далас Маверикс го искористи неиграњето на Никола Јокиќ и оствари убедлива победа во дербито на Западот, против Денвер со 127-99.

Србинот не е во комбинација поради контакт со позитивен на ковид-19 и ова беше втор меч што го пропушти неделава. Во негово отсуство, блескаше Лука Дончиќ кој ја продолжи серијата одлични натпревари. Словенецот постигна 33 поени, 11 скока и 11 асистенции и дојде до 50. трипл-дабл во својата кариера. Со тоа се искачи на десеттото место на вечната листа во оваа статистичка категорија каде води Расел Вестбрук со 194 трипл-дабл ефекти.

Денвер не даде голем отпор, во првата четвртина беше релативно израмнето, но веќе во втората Далас постигна 44 поени и на полувреме замина со предност од 18 разлика. Дончиќ доби помош од Кристијан Вуд кој постигна 28 поени и 8 скока, додека Спенсер Динвиди реализира 15 поени.

Кај Нагетс се истакнаа Брус Браун и Кентавиус Колдвел Поуоп со по 18 поени, додека Хајланд постигна 17, со 6 асистенции. Тимот од Колорадо ги загуби двата меча во кои не играше Јокиќ и падна на шестата позиција на табелата во Западната конференција.

0Shares
0 0