Како што во понеделникот, по освојувањето на титулата во НБА, најави, Никола Јокиќ денеска присуствуваше на 22. издание на коњските трки за пехарот на градот Сомбор.

Кога се појави на хиподромот, дојде до голема еуфорија, сите потрчаа кон него да се фотографираат, а имаат и извици „МВП, МВП“.
— OvoOno (@OvoOnoX) June 18, 2023
Интересно е тоа што Јокиќ не се возбуди многу од атмосферата, брзо седна на местото од каде требаше да ги следи трките, а потоа, на општо изненадување, си замина пред да заврши манифестацијата.