(ВИДЕО) Јокиќ постави рекорд на сезоната, блескаше и Дончиќ

0Shares
0 0

Двете најголеми ѕвезди од просторите на поранешна Југославија, Никола Јокиќ и Лука Дончиќ имаа фантастична вечер во НБА лигата.

Денвер по продолжение ја победи Оклахома со 131-126, а Никола Јокиќ повторно беше на чекор од трипл-дабл. Постигна 39 поени, 10 скока и 9 асистенции, а тие 39 поени се негов личен рекорд оваа сезона. На овој меч имаше помош и од Арон Гордон кој постигна 30 поени и 8 скока. Кај Оклахома се истакна Џилџес Александер со 31 поени и 11 асистенции.

Лука Дончиќ беше уште поефикасен, но неговиот Далас загуби на гостувањето кај Бостон со 112-125. Словенецот беше најефикасен на натпреварот со 42 поена, на кои додаде уште 9 асистенции и 8 скока.

Сепак, Бостон и оваа сезона игра одлично и ги има гфантастичните Тејтум и Браун. Првиот постигна 37 поени и 13 скока, а вториот додаде 31 поен со солиден шут од игра 13/18.

0Shares
0 0