(ВИДЕО) Јокиќ се врати, ама Денвер доживеа сензационален пораз

0Shares
0 0

Најдобриот играч во НБА лигата во претходните две сезони Никола Јокиќ се врати во тимот на Денвер по паузата од три натпревари, но се покажа среќен за својот тим.

Нагетс доживеаја пораз на домашен терен од Детроит со 108-110 што е еднакво на сензација ако се знае дека Пистонс се најлош тим на Истокот и втор најслаб во лигата со биланс 4/15 (пред овој меч имаа само три победи). Јокиќ си ја заврши својата работа, одигра извонредно на двата краја од теренот, но и тоа не беше доволно за победа на Денвер затоа што не ја доби потребната помош.

На Србинот му недостасуваше само еден скок за трипл-дабл, постигна 31 поен, 10 асистенции и девет скока. На 13 секунди пред крајот, Денвер се доближи на 107-108, во последниот напад, имаше шут за израмнување и продолжение, но Гордон не беше прецизен.

Кај Детроит, кој ја оствари првата победа на гостински терен оваа сезона, Бојан Богдановиќ постигна 22 поена, а Буркс додаде 21.

0Shares
0 0