(ВИДЕО) Јута се врати на врвот на Западот

0Shares
0 0

Директниот дуел за челната позиција во Западната конференција ѝ припадна на Јута Џез која сега повторно е на првото место на табелата.

Тимот од Солт Лејк Сити славеше како гостин во Портланд со 118-113 и сега има биланс 12/6. Мечот имаше драматична последна четвртина во која Јута водеше и со 10 поени разлика (101-91) пред домаќините да направат пресврт и да поведе со 106-105 и подоцна со 108-107.

Следуваа шест поени во низа на Јута за ново преземање на водството по што со многу турбуленции некако успеа да го приведе мечот кон крајот.

Бисли со 29 поени беше најефикасен во тимот на Јута, Кларксон додаде 28 од кои 15 во последната четвртина, а Лаури Марканен оствари дабл-дабл со 23 поени и 10 скока. Во домашната екипа, Симонс реализира 23 поени, Харт 19, а Нуркиќ 18.

0Shares
0 0