(ВИДЕО) Јузбашиќ го скрши кошот, половина час пауза во Кисела Вода

0Shares
0 0

Едвај четири минути траеше натпреварот меѓу Ангели и Куманово кога дојде до 30-минутен прекин предизвикан од една атракција на играчот на гостинскиот тим Душан Јузбашиќ.

Во еден контранапад, тој ја скрши конструкцијата од кошот на која напаѓаше неговиот тим по што мораше да интервенира персоналот на салата „Независна Македонија“ и да ја санира штетата.

Интересно е тоа што Јузбашиќ до тој момент ги постигна сите шест поени за Куманово, а за својот потег доби техничка грешка.

0Shares
0 0