Осмото коло од македонската Суперлигата го одбележа инцидентот што се случи попладнево на натпреварот меѓу Гостивар и Пелистер.
На седум минути пред крајот дојде до прекин откако гостинските кошаркари и домашната публика буквално влегоа во војна. По еден час пауза, натпреварот продолжи и заврши со победа на Пелистер.
Со оглед на тоа што од стримот од натпреварот недостасува можеби клучниот период и главната причина за прекинот, читатели на КОШ.МК испратија снимка како тоа изгледало од делот на трибината кој се наоѓа над клупата на Пелистер.
видео: Gostivar Infoteka