(ВИДЕО) Какво лудило: Гонзага во финале на НЦАА со тројка од центар

0Shares
0 0

Еден од антологоските натпревари во колеџ-лигата на САД, одиграа рано изутринава екипите на Гонзага и УКЛА.

Ни 40 минути не беа доволни да се одреди победникот, па се играше продолжение во кое на нешто повеќе од три секунди пред крајот беше нерешено. Од својата половина тогаш се залета Џејлен Сагс и безмалку од средината на теренот, со звукот на сирената, постигна тројка за победа на Гонзага од 93-90.

Мечот беше толку неизвесен што ниедна од екипите немаше поголема предност од седум разлика. Во основниот дел Џејми Жакез донесе израмнување за потоа токму Сахс, како и Кисперт да промашат за Булдогс и да ја остават УКЛА во игра. Трагичар тогаш беше Џони Јаузанг кој направи фаул во напад.

Со овој триумф, Гонзага стана прва екипа во историјатакоја од First Four (претколо на главното натпреварување), стигна до завршниот турнир, па и до финалето. Освен тоа, стана прва екипа по Индијана Стејт во 1979 година, за која играше Лери Бирд, која без победа дојде до мечот за титулата.

Во него ќе игра против Бејлор кој претходно, без поголеми проблеми, го совлада Хјустон со 78-59. Големото финале се игра во вторник, рано наутро, од 3:20 часот.часот

0Shares
0 0