(ВИДЕО) Кари доби техничка, па даде три тројки и ги тролаше судиите

0Shares
0 0

Најдобриот шутер во НБА лигата имаше свое шоу и на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс на кого му даде 33 поени со седум тројки.

Интересен беше еден момент во последната четвртина кога Стеф Кари беше фаулиран, но судиите не досудија лична грешка и тој жестоко реагираше кај нив. Место фаул, тој доби технича грешка што предизвика само револт и желба за уште подобра игра во следниот период.

Во следните минути ѕвездата на Голден Стејт погоди три тројки, па во цела еуфорија им гестикулираше „техничка грешка“ на арбитрите.

0Shares
0 0