(ВИДЕО) Кари место херој, стана трагичар

0Shares
0 0

Голден Стејт го доживеа вториот пораз во последните четири дена и ако се бара виновник за тоа, повторно прстот ќе биде вперен кон најдобриот играч во тимот Стеф Кари.

Суперѕвездата на Вориорс постигна 27 поени, но од 17 шута за тројка, погоди само пет, а не беше прецизен ниту во финишот кога имаше две клучни промашувања, овозможувајќи му на Сан Антонио да дојде до победа со 112-107. Тоа придонесе во сенка да паднат другите елементи од мечот, како тројката што ја погоди Кари од центарот на теренот при истекот на третата четвртина.

Спарс го диктираа темпото во речиси целиот натпревар, на почетокот имаа серија од 17-0 за водство од 25-9, а во втората четвртина водеа со 22 разлика. Голден Стејт се врати дури во последната четвртина, поведе со 106-103, но тука застана и му дозволи на гостинскиот тим, со серија од 9-1 да дојде до победата.

Вајт, Мареј и Вокер го предводеа Сан Антонио до триумфот, постигнувајќи 25, 23 и 21 поен. Спарс се во серија од четири победи, но и натаму се надвор од плеј-оф зоната во Западната конференција.

0Shares
0 0