(ВИДЕО) Катастрофа на шампионот во Њу Орлеанс

0Shares
0 0

Бранителот на титулата во НБА лигата, Голден Стејт Вориорс доживеа дебакл на гостувањето кај Пеликанс со 83-128.

Треба да се истакне дека шампионот настапи без своите ѕвезди Стеф Кари, Клеј Томпсон, Дрејмонд Грин и Ендрју Вигинс, но дури и без нив, пораз од 45 поени разлика е превисок.

„Ова беше вечер за ‘клинците’. Беше тешко, ама добија шанса“, рече по мечот тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, а многумина не можеа да разберат дали се шегува или е сериозен.

Брендон Инграм ги предводеше Пеликанс со 34 поени, Девонте Грем додаде 19 поени, а по три меча пауза, во тимот се врати и Зајон Вилијамсон кој за 23 минути постигна девет поени. Кај Голден Стејт, Џордан Пул стигна до 26 поени, а Куминга до 19. Њу Орлеанс е на шестото место во Западната конференција со биланс 10/7, додека Голден Стејт е 11. со 8/10.

0Shares
0 0