(ВИДЕО) Кога се Обрадовиќ и Даниловиќ во прашање, „звезда“ не смее да се спомнува ни во песна

0Shares
0 0

Легендите на Партизан, Жељко Обрадовиќ и Предраг Даниловиќ не се почувствуваа убаво кога на една прослава, Здравко Чолиќ почна да го пее неговиот хит „Чија је она звезда“.

Иако претходно беа во еуфорија, двајцата одеднаш се смирија, Даниловиќ дури седна, а Обрадовиќ се обидуваше да биде ладнокрвен иако очигледно не му беше пријатно. Причината е едноставна – во песната се спомнува „звезда“, а навивачите на „црвено=белите“ често ја пејат на натпреварите на своите екипи.

Двајцата се легенди на Партизан, Обрадовиќ и во моментов е тренер на кошаркарскиот тим, но изненадува реакцијата на Даниловиќ кој во моментов е претседател на Кошаркарскиот сојуз на Србија и би требало барем да глуми дека не е пристрасен.

0Shares
0 0