(ВИДЕО) Леброн бркаше навивачи, па сам ја победи Индијана

0Shares
0 0

Првата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс се врати во тимот по суспензијата од еден натпревар и веднаш покажа колкаво е неговото значење.

Шампионот од 2020 година триумфираше кај Индиаја со 124-116, а Леброн Џејмс беше убедливо најефикасен на натпреварот, постигнувајќи 39 поени, плус 5 скока и 6 асистенции. Tоа беше негов личен рекорд оваа сезона по бројот на постигнати поени, а успеа да го надополни и отсуството на Ентони Дејвис кој го пропушти натпреварот во Индијанаполис.

На 30 секунди пред крајот на основниот дел, Лејкерс водеа со 110-106 когаа Холидеј постигна тројка за -1 на Индијана. Вестбрук погоди две слободни фрлања на спротивната страна, но на шест секунди пред крајот Дуарте реализира уште една тројка за израмнување. Леброн потоа не погоди шут за победа, но затоа во продолжението постигна осум од вкупно 12 поени на Лејкерс. Интересно е тоа што до своето прво водство (101-100), гостите стигнаа дури на четири минути пред крајот. Пејсерс го контролираа резултатот во текот на целиот натпревар, а на моменти имаа и +12.

Освен Леброн, се истакна и Вестбрук со 20 поени, 7 скока и 5 асистенции, а Малик Монк додаде 17 поени. Кај Индијана, Малколм Брогдон стигна до 28 поени.

Покрај сето ова, натпреварот го одбележа инцидентот во продолжението, во кој Леброн се пожали дека бил навредуван од навивачи што седеа покра теренот. Во соработка со обезбедувањето, судиската тројка одлучи да ги отстрани присутните од арената.

0Shares
0 0