(ВИДЕО) Леброн го нема, Лејкерс се препородија

0Shares
0 0

Леброн Џејмс го пропушти третиот натпревар во низа поради повреда, а Лос Анџелес Лејкерс ја оствари третата победа во низа, совладувајќи го Сан Антонио со 123-92.

Во отсуство на првата ѕвезда, блескаше Ентони Дејвис кој оствари дабл-дабл со 30 поени и 18 скока. На овие три меча на кои не игра Леброн, Дејвис постигна вкупно 105 поени и 52 скока и само потврди дека кога е здрав е еден од најдобрите кошаркари во НБА.

Лејкерс доминираа во текот на целиот натпревар и победата во ниеден момент не им беше доведена во прашање што е целосна спротивност од дуелите од почетокот на сезоната. Предноста растеше од минута во минута за во третата четвртина да достигне највисоки 34 разлика.

Кај Сан Антонио, кој го претрпе петтиот пораз во низа и 10. во последните 11 натпревари, најефикасен беше Васел со 17 поени.

0Shares
0 0