(ВИДЕО) Леброн не може сам, Лејкерс пак поразени

0Shares
0 0

И покрај одличната игра на Леброн Џејмс, Лос Анџелес Лејкерс доживеа пораз на гостувањето кај Сакраменто со 116-125 и повторно е на половичен биланс оваа сезона – 21/21.

Не помогна ни одличната игра на Леброн Џејмс кој потврди дека се наоѓа во фантастична форма, постигнувајќи 34 поени. Монк додаде 22, а Ривс 19. Тотално разочарување е Расел Вестбрук кој го заврши натпреварот со само осум поени и шут од игра 2/14.

Во екипата на Сакраменто, блескаше Диандре Фокс со 29 поени, а Харисон Барнс додаде 23. Кингс и натаму се со негативен ефект од 17 поени и 27 порази.

0Shares
0 0