(ВИДЕО) Леброн се врати, ама не ги спаси Лејкерс од дебакл

0Shares
0 0

По пауза од две недели, Леброн Џејмс се врати во екипата на Лос Анџелес Лејкерс, но неговото присуство не смени многу во играта и резуталтатите на тимот.

Во дуелот на двете најтрофејни екипи во НБА, Бостон славеше убедлив триумф со 130-108 иако гостите во првата четвртина имаа и 11 поени предност. Леброн одигра 32 минути и постигна 23 поени, шест скока и две асистенции. Поефикасен од него беше Ентони Дејвис кој реализира 31 поен.

Ѕвезда на вечерта беше Џејсон Тејтум кој го заврши натпреварот со 37 поени, 11 скока и две асистенции. Своја сатисфакција на овој меч имаше Шрудер кој на поранешниот тим му даде 21 поен.

Бостон се наоѓа на деветтата позиција во Источната конференција со биланс 8/8. И Лејкерс се деветти, на Западот, но со еден пораз повеќе.

0Shares
0 0