(ВИДЕО) Лејкерс потклекнаа по три продолженија

0Shares
0 0

Иако неодамна остана без тренер по отказот што го доби Лук Волтон, Сакраменто Кингс направи големо изненадување, совладувајќи го Лос Анџелес Лејкерс со 141-137, по 63 минути игра.

Двете екипи имаа шанса во основниот дел и во првите две продолженија да дојдат до победата, но оние што беа во негатива некако се извлекуваа. Леброн два пати промаши шут за победа, но во второто продолжение го израмни резултатот и се избори за нови пет минути. Во третото продолжение Кингс имаа +7, Вестбрук го врати својот тим на -2, а Бади Хилд од линијата за слободни фрлања го реши победникот.

Најефикасен играч во гостинската екипа беше Фокс со 34 поени, Хилд додаде 25, а Халибартон 19. Ка Лејкерс, прв стрелец беше Леброн Џејмс до 30 поени.

0Shares
0 0