(ВИДЕО) Лесор пак во главна улога: Танцуваше пред камера, па ги поведе „Гробари“

0Shares
0 0

Матијас Лесор не пропушти шанса уште еднаш да приреди шоу по победа на Партизан, овојпат против Олимпијакос во Евролигата.

Најголемиот забавувач меѓу „црно-белите“ даде исклучително интересна изјава по натпреварот, па дури и почна да танцува откако новинарката на Евролигата го праша како се чувствува во моментов. Пред неа најави дека следна станица му е трибината со „Гробари“ и дека ќе пее со нив.

А, кога отиде таму, делириум. Фановите на Партизан го носеа на рамена додека го држеше мегафонот в раце и го водеше навивањето.

0Shares
0 0