Олимпија непријатно изненади вчера откако загуби на гостувањето кај ФМП и ќе игра „мајсторка“ за пласман во полуфиналето од АБА лигата.
Словенечкиот тим загуби со 96-102 и на домашен терен, претстојната недела ќе се бори за влез меѓу четирите најдобри. Тоа го изнервира тренерот Миро Алиловиќ кој при еден тајм аут жестоко се нафрли врз еден од своите кошаркари, најверојатно врз Јоги Ферел кој е меѓу носителите на играта на Олимпија, но тој не му обрна многу внимание бидејќи беше во комуникација со Едо Муриќ.
Малку на српски, малку на словенечки, малку на англиски, летаа пцовки и закани, Алиловиќ си го истера своето, но не успеа да ги мотивира играчите да дојдат до победата. Ако беше Ферел во центарот на вниманието, нејасно е што му попречи на тренерот бидејќи Американецот беше најдобар играч на Олимпија со 22 поена и 7 асистенции.