Литванскиот прволигаш Лиеткабелис ја оствари втората победа во низа во Еврокупот, совладувајќи го Турк Телеком на домашен терен со 93-86.
Натпреварот во Паневежис беше полн со куриозитети од повеќе аспекти. Пред се, на клупата на Лиеткабелис беше Ненад Чанак кој до пред неколку недели го водеше токму Турк Телеком и доби отказ поради серијата лоши резултати. Српскиот стручњак ја искористи можноста да му се одмазди на својот поранешен клуб, а во исто време да го врати Лиетбалелис во игра за пласман во плејофот.
Турк Телеком беше блиску до победата во основниот дел од мечот бидејќи на 97 секунди пред крајот водеше со 11 поени разлика (86-75). На сцена потоа стапи Гедиминас Ореликс кој постигна три тројки по ред за намалување на 84-86 за во последната секунда кош да постигне Сабецкис за израмнување и продолжение.
Во дополнителните пет минути, ниедна од екипите не успеа да постигне поен 4,5 минути. Ореликс потоа погоди тројка по што домаќините постигнаа уште четири поени и го заклучија мечот. Лиеткабелис победи благодарение на серијата од 18-0 во финишот од основниот дел од натпреварот и во продолжението, а дополнителните пет минути ги заврши со 7-0 што е една исклучително интересна работа од овој дуел.