(ВИДЕО) Лудило во САД: Родител нападнал судија на натпревар на осмоодделенци

0Shares
0 0

Тепачка меѓу родител на кошаркар и судија за време на натпревар се случила во саботата во училишна лига во Форт Вејн, Индијана.

Вербалниот дуел брзо се претворил во физичка пресметка откако родителот го напуштил своето место на трибината и го нападнал судијата. Инцидентот се случил на меч меѓу осмоодделенци, меѓу Team Robinson 2027-PINK и Blue Water Hurricanes. Првите победиле со 78-7, а наводно, напаѓачот бил родител на дете од екипата на Blue Water Hurricanes.

Според очевидците, тој не бил задоволен од критериумот за лични грешки (којзнае какви грешки може да направи арбитар на 70 разлика) и почнал гласно да негодува поради тоа. Судијата побарал од обезбедувањето да биде исфрлен надвор од салата, но додека тоа да реагира, веќе дошло до вербална пресметка, потоа и до физички дуел.

Откако страстите се смириле, нервозниот родител навистина бил отстранет и повеќе не се вратил на натпреварот.

0Shares
0 0