Специјална беше вчерашната вечер за српскиот спорт бидејќи на едно место се собраа сите кои претходните денови остварија големи успеси на меѓународна сцена.
На балконот од Градското собрание на Белград, заедно беа европските шампиони во 3х3, Новак Ѓоковиќ кој во неделата го освои 24. Гренд слем трофеј и новите светски вицешампиони во кошарка, српската репрезентација. Емотивна беше целата прослава, но таа не заврши тука, туку продолжи во еден клуб во Белград.
— архиватор (@_arhivator) September 13, 2023
Таму се придружија и девојките и сопругита на спортистите, а на општо изненадување, дојде и Никола Јокиќ кој не настапи на Светското првенство и за тоа доби тешки критики од српската спортска јавност. Очигледно, тоа не му пречеше многу бидејќи суперѕвездата на Денвер Нагетс беше максимално расположен.
Nikola Jokic celebrating with the Serbian national basketball team 😅🔥
(via @_arhivator) pic.twitter.com/wcXv45Qass
— ClutchPoints (@ClutchPoints) September 13, 2023
Кулминација на вечерта беше моментот кога се соблече гол до појас, слика каква често пати можеше да се види ова лето. Покрај него, на прославата присуствуваа уште тројца кошаркари кои не играа на Мундијалот: Василије Мициќ, Бобан Марјановиќ и Немања Недовиќ. Од друга страна, таму не беше капитенот Богдан Богдановиќ поради смртен случај во семејството.