(ВИДЕО) Лудница во Љубљана: Судии се обидоа да ја ограбат Олимпија, ама не успеаја

0Shares
0 0

Црвена Звезда и Олимпија ќе играат „мајсторка“ во полуфиналето од АБА лигата откако словенечкиот претставник во регионалното натпреварување вечерва со 88-80, по продолжение.

Олимпија требаше да победи и по основните 40 минути, но судиите „измислија“ кош со лична грешка по истекот на време со кој „црвено-белите“ израмнија на 76-76 и се изборија за дополнителни пет. При водство на домаќините од 76-73, Ивановиќ шутираше за тројка, топката се одби од обрач и заврши во рацете на Митровиќ кој потоа постигна кош што судиите го признаа иако времето за игра помина. Притоа досудија и фаул, па Митровиќ од линијата го одведе мечот во продолжение.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Edin Enciklopedija (@edinenciklopedija)

И Олимпија имаше голема вина за ваквата ситуација бидејќи прво на три поени предност мораше да направи лична грешка, а не да дозволи шут за тројка. потоа и Блажиќ немаше потреба да влегува во контакт со Митровиќ при истекот на времето.

Покрај сето ова, домаќините на помалку од три минути пред крајот водеа со 71-62, а сепак дозволија Звезда да се доближи и да се бори за победа. Во продолжението Олимпија, сепак, беше многу подобра и заслужено дојде до победата. Двете екипи беа лоши од линијата за слободни фрлања со тоа што Олимпија промаши 11 од 42, а Звезда 9 од 15 „пенали“.

Третиот натпревар од оваа серија ќе се игра во Белград, а терминот дополнително ќе биде одреден. Победникот од тој меч обезбедува пласман во финале.

0Shares
0 0