(ВИДЕО) Мајами е прв конференциски финалист

0Shares
0 0

Најдобриот тим во Источната конференција по основниот дел од сезоната, прв обезбеди место меѓу четирите најдобри во плејофот откако синоќа славеше против Филаделфија со 99-90.

Со тоа Мајами дојде до конечни 4-2 и по две години се враќа во финалето на Истокот каде ќе го чека подобриот од пресметката меѓу Милвоки и Бостон. Тимот од Флорида беше доминтантен во текот на целиот меч, во последната четвртина поведе и со 92-72 по што следуваше опуштање и Сиксерс успеаја да ја намалат високата негатива.

Џими Батлер беше убедливо најефикасен играч на натпреварот, постигна 32 поена со 8 скока и 4 асистенции. Ембид и Макси беа најдобри кај Филаделфија со по 20 поени, но разочара Харден кој остана на само 11.

Својот противник во конференциското финале Мајами би можел да го добие вечерва кога се игра шестиот меч од серијата меѓу Бакс и Селтикс. Шампионот води со 3-2 и игра на домашен терен.

0Shares
0 0