Исклучително тензичен беше вчерашниот натпревар меѓу Игокеа и Партизан на кој домаќините имаа водство од 14 разлика, а на крајот доживеаја минимален пораз.
Во моментите кога тимот од Лакташи убедливо водеше, дојде до жесток вербален судир на клупата, меѓу тренерот Драган Бајиќ и Алекса Раданов. Нејасно е која беше причината за нивниот конфликт, но и Раданов не остана должен на викањето на Бајиќ, па мораше да се вмеша Маркел Старкс за да ги смири страстите.
Интересно е тоа што токму од тој момент почна пресвртот на Партизан кој кулминираше со погодените две слободни фрлања на Трифуновиќ во последниот напад.