По два пораза во низа, Милвоки Бакс се врати на победнички патеки откако на домашен терен го совлада Чикаго со 118-109.
Повторно прво име на натпреварот беше Јанис Адетокунбо кој за 34 минути постигна 35 поени, 11 скока и 2 асистенции. Сепак, проблем за шампионот од 2021 година е лошата игра на Дејмијан Лилард кој се уште „се бара“ себеси во новиот тим. Во дуелот со Чикаго, искусниот плејмејкер постигна 12 поени, но со шут од игра 3/17, вклучувајќи 1/9 за тројка.
Милвоки е солиден сезонава на домашен терен каде има биланс 5/1, но проблем се натпреварите на гости бидејќи на четири меча оствари само една победа. Поради тоа се наоѓа на петтата позиција во Источната конференција, но со ист ефект како третопласираната Индијана.

Чикаго е далеку од нив, во моментов на 11. место на Истокот со само четири победи на 11 натпревари. На мечот против Милвоки, најдобар беше Вучевиќ со 26 поени, 12 скока и 5 асистенции, пред Лавин кој постигна 20 поени.