(ВИДЕО) МЗТ има 16 поени негатива, ама потегот на полувремето го има Дејвис

0Shares
0 0

Словенечкиот прволигаш Рогашка води со 45-29 по првите 20 минути од дуелот со МЗТ Скопје, во второто коло од новата сезона во АБА 2 лигата.

За разлика од дуелот со Младост Земун, на нашиот шампион малку работи му поаѓаат од рака и последица на тоа е големата негатива по првото полувреме. Ако е за утеха, играч на МЗТ Скопје го има најатрактивниот потег во досегашниот дел од мечот.

Станува збор за забивањето на Хуан Дејвис по акцијата на Адем Мекиќ кој извонредно го проигра својот соиграч, а овој заврши на фантастичен начин.

0Shares
0 0