(ВИДЕО) НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Антиќ го сруши Реал среде Мадрид

0Shares
0 0

На 1 декември 2017 година, Црвена Звезда направи големо изненадување, совладувајќи го Реал на негов терен со 87-83 во рамките на Евролигата.

Мечот го одбележаа два момента: тројката на Перо Антиќ на нешто помалку од осум секунди пред крајот со кој стави печат на триумфот на својот тим и рекордот што го постави Звезда со вкупно 17 тројки. За сегашниот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, таа сезона беше последна во кариерата, а тројката за победа ја постигна откако го „излета“ капитенот на домашниот тим Фелипе Рејес.

Во тој тим на Реал играше и Лука Дончиќ кој тогаш имаше само 18 години. Мадридскиот клуб таа сезона ја освои титулата во Евролигата што беше десеттти трофеј за него во елитното натпреварување.

0Shares
0 0