(ВИДЕО) На Дончиќ не му се оди на одмор – ќе се игра „мајсторка“

0Shares
0 0

Суперѕвездата на Далас Маверикс се погрижи да дојде до седми натпревар во серијата меѓу Далас Маверикс и Феникс Санс.

Во шестиот меч одигран ноќеска, Мавс победија со 113-86, а Словенецот повторно одигра маестрално, постигнувајќи 33 поени, 11 скока и 8 асистенции. „Мајсторката“ ќе се игра на теренот на Феникс.

На помош на Дончиќ му дојдоа Реџи Булок кој постигна 19 поени, Џејлен Брансон додаде 18, а Спенсер Динвиди 15. На другата страна, Диандре Ејтон реализира 21 поен и 11 скока, а Девин Букер реализира 19 поени и 9 скока.

Далас ќе има тешка задача да победи во Аризона и да се пласира во конференциското финале бидејќи преполната арена во Феникс, против себе ќе ја има традицијата. Победа во арената на Санс, Мавс немаат од 30 ноември 2019 година.

0Shares
0 0