(ВИДЕО) Најлоша шутерска вечер на Кари, Феникс без пораз го заврши ноември

0Shares
0 0

Екипата на Феникс Санс ја оствари 17. победа во низа откако славеше во дербито со Голден Стејт со 104-96.

Со тоа Санс го завршија ноември без пораз, а им недостасува уште една победа за да го израмнат рекордот на франшизата кој изнесува 18 во низа. Освен триумфот на домаќините, натпреварот го одбележа Стеф Кари, но не по добро, туку по најлошиот шутерски ден во кариерата, кога станува збор за настапите кога имал најмалку 20 шута.

Против Феникс се обиде 21 пат, погоди само четири од кои три тројки и постигна вкупно 12 поени. Капак на се беше тоа што во второто полувреме се пожали на болка во задната ложа поради што замина во соблекувална и повеќе не се врати на теренот.

И Феникс се соочи со проблеми бидејќи во втората четвртина се повреди Букер, но и без него домаќините дојдоа до победата. Ејтон постигна 24 поени, а Пол додаде 15, со 11 скока.

Двете екипи сега се израмнети на врвот на табелата во Западната конференција со биланс 18/3.

0Shares
0 0