Навивач на Лос Анџелес Лејкерс имаше можност на полувреме од мечот со Хјустон да заработи 55 илјади долари со кош од половина терен.
Сепак, бајката на Ентони, кој самиот се претстави како навивач се претвори во кошмар. Пред да шутне, водителот го праша дали може да постигне кош, а тој самоуверено одговори: „Тоа е она што го правам“.
Не само што не погоди од центарот на игралиштето, туку Ентони се повреди иако не е јасно на кој дел од телото. Откако ја исфрли топката се фати за грбот, потоа за коленото, а на крај за листот или скочниот зглоб. Можеше да оди на поправен шут за тројка, но не беше во можност ни тоа да го изведе поради повредата.