(ВИДЕО) НБА финалето се сврте во само три секунди, Милвоки на чекор од титулата

0Shares
0 0

Милвоки Бакс во петтиот натпревар од НБА финалето ги совладаа Феникс Санс на гостински терен во Аризона со 123:119 и поведоа со 3-2 во серијата. Сега, Бакс имаат шанси во ноќта меѓу вторник и среда на свој терен да ја завршат работата и да ја освојат втората титула во историјата, прва по точно 50 години.

Бакс до победата дојдоа во тесна завршница, откако во последната четвртина испуштија предност од 14 поени. Домаќините во последната минута дојдоа на самом еден поен негатива и имаа напад за водство, но потоа целиот натпревар беше решен во само три и пол секунди.

Џру Холиден му украде топка на Девин Букер, кој до тогаш имаше постигнато 40 поени, побегна во контра, причека да му се приклучи Јанис Антетоумбо, по што му фрли „цепелин“ додавање за спектакуларно забивање.

Грчкиот кошаркар доби и слободно фрлање, со кое можеше на 13,5 секунди до крајот да ги одведе Бакс на предност од два поени, но промаши, па успеа да фати скок по сопственото промашување и на крајот од линијата за слободни фрлања натпреварот го реши Крис Мидлтон.

Антетокумбо натпреварот го заврши со 32 поени, девет скока и шест асистенции. Никој пред него во историјата на НБА финалето немал просек поголем од 30 поени, 10 скока, пет асистенции и 60 проценти шут од игра.

0Shares
0 0