(ВИДЕО) Неочекуван херој на Нетс – кош во последната секунда за победа и трипл-дабл

0Shares
0 0

Иако се наоѓа во голема резултатска криза, Бруклин Нетс му ја прекина победничката серија на Портланд, совладувајќи го како гостин со 109-107.

Кевин Дурант беше лидер на тимот со 35 поени, но во нов херој се промовира Ројс Онил. Кошаркарот кој претходното лето дојде од Јута Џез го постигна кошот за победа на помалку од секунда пред крајот, а со тоа го комплетира и својот трипл-дабл бидејќи натпреварот го заврши со 11 поени, 11 асистенции и 10 скока.

Изненадија уште двајца играчи: Бен Симонс кој по низата критики, конечно одигра натпревар на своето ниво и Јута Ватанабе. Симонс беше блиску до трипл-дабл, со 15 поени, 13 скока и 7 асистенции што е негово најдобро издание оваа сезона. Ватанабе, пак, за 28 минути стигна до 20 поени.

Портланд беше предводен од триото Лилард-Симонс-Шарп кои заедно постигнаа 69 поени, но ни тоа не беше доволно за продолжување на победничката серија. Блејзерс остануваат на чело на табелата во Западната конференција, но сега Денвер и Феникс имаат шанса да го стигнат затоа што имаат меч помалку.

0Shares
0 0