Денот почна со исклучувањето на тренерот на Денвер, Мајк Мелоун, продолжи со Василис Спанулис кој не го дочека крајот на мечот со Фалко, а го заврши српскиот стручњак Душан Алимпијевич.
Тој не беше исклучен, но имаше свој излив на бес за време на на натпреварот со Париз во рамките на Еврокупот. Неговиот тим имаше лошо прво полувреме во кое губеше и со 11 поени разлика (27-38), па на еден тајмаут урлаше по своите кошаркари.
Maçı kazandıran Dusan Alimpijevic molası .. pic.twitter.com/AH2GtJccuu
— asisttime (@asisttime) November 21, 2023
Изгледа дека со тоа успеа да ги разбуди бидејќи во второто полувреме неговиот Бешикташ направи пресврт и му го нанесе првиот пораз на Париз оваа сезона. Ова е втор испад на Алимпијевиќ оваа натпреварувачка кампања откако на стартот го нападна тренерот на Дарушафака на меч од турското првенство.