(ВИДЕО) Ни Адетокумбо не му помогна на шампионот – Бостон се избори за „мајсторка“

0Shares
0 0

Најтрофејниот НБА тим Бостон Селтикс го победи Милвоки како гостин со 108-95 и изнуди седми натпревар во полуфиналната серија од Источната конференција.

Селтикс речиси постојано го контролираше натпреварот, со исклучок на еден дел во последната четвртина кога шампионот фати приклучок и се закануваше да направи пресврт. Гостите го одбија тој напад и се изборија за „мајсторка“ која ќе ја играат на свој терен, утре вечер од 21:30 часот.

Натпреварот се претвори во лична пресметка меѓу двајцата најдобри кошаркари на двете екипи – Џејсон Тејтум и Јанис Адетокумбо. Играчот на Бостон постигна 46 поени, 9 скока и 4 асистенции со шут од игра 17/32. Го следеа Џејлен Браун со 22 и Маркус Смарт со 21 поен.

Адетокумбо заврши со 44 поени и 20 скока за можеби најдобар плејоф натпревар во кариерата. Сепак, тој немаше доволна помош од соиграчите, Холидеј додаде 17, а Конатон 14 поени.

0Shares
0 0