(ВИДЕО) Никола Јокиќ – втор дел: Потпиша договор, па гол се фати на коло

0Shares
0 0

Српскиот репрезентативец Никола Јокиќ вчера го потпиша најскапиот договор во историјата на кошарката, за 264 милиони долари.

Тоа мораше да се прослави, па откако замина со своите браќа на рафтинг на Тара, кошаркарот на Денвер Нагетс се фати на српско коло, гол, како коловодач на дождот. За волја на вистината, одлично се снајде во таа улога, играше со стил, како што го прави тоа и на кошаркарските терени.

Сето ова тоа тотално го заслужи, две години по ред е МВП во НБА, а Денвер го направи еден од елитните тимови во лигата.

0Shares
0 0