(ВИДЕО) Нов одличен натпревар на Јокиќ, шоу во режија на Вестбрук

0Shares
0 0

Денвер Нагетс со 106:96 го совладаа Сан Антонио Спарс. Тимот од Колорадо дојде до седмиот триумф во низа, а како по обичај, најистакнато име во редовите на Нагетс беше Никола Јокиќ. Српскиот центар имаше нов одличен настап и му недостасуваше само еден скок за да забележи трипл-дабл учинок.

Никола Јокиќ мечот го заврши со 25 поени, 10 скока и девет асистенции, со што се потврди како еден од најсериозните кандидати за МВП сезонава. Мајкл Портер Џуниор му беше најголема поддршка на Јокиќ со 18 поени и 10 скока.

Расел Вестбрук одново приреди шоу и запиша нов трипл-дабл учинок во триумфот на Вашингтон Визардс со 116:131 против Орландо Меџик. Вестбрук мечот го заврши со 23 поени, 14 скока и 15 асистенции.

Хјустон во интересен дуел го изненади Далас и славеше со 102:93. Џон Вол со 31 поен беше најефикасен кај Рокетс, а на спротивната страна Лука Дончиќ уфрли 23 поени.

Одлична вечер имаше и младиот Алексеј Покушевски, кој во својата дебитантска сезона продолжува да импресионира. Младиот српски репрезентативец мечот го заврши со 25 поени, девет скока и четири асистенции во поразот на Оклахома од Шарлот со 102:113.

НБА Резултати:

Индијана – Минесота 141:137
Орландо – Вашингтон 116:131
Бостон – Њујорк 101:99
Бруклин – Њу Орлеанс 139:111
Атланта – Мемфис 113:131
Хјустон – Далас 102:93
Оклахома – Шарлот 102:113
Денвер – Сан Антонио 106:96
Феникс – Јута 117:113.

0Shares
0 0