Кошаркарскиот земјотрес што го предизвика Костас Слукас и натаму се чувствува во Грција иако поминаа три дена откако беше обелоденет неговиот договор со Панатинаикос.
Неколку часа потоа се јавија навивачите на Олимпијакос кои, меѓу другото, објавија дека не се грижат што Слукас си отишол затоа што никогаш не бил лидер, но изгледа не е баш така. На социјалните мрежи се појавуваат снимки од палење на дресови на Слукас што е нова фаза од револтот кон искусниот плејмејкер.
Во Олимпијакос тој помина вкупно десет сезони, таму ја почна својата професионална кариера, но на нејзиниот залез одлучи да премине во редовите на најголемиот ривал кој формира одличен тим и ќе се обиде да ја врати доминацијата во грчката и европската кошарка.