Новак Ѓоковиќ синоќа го освои 24. Гренд слем трофеј во кариерата откако триумфираше на УС Опен, а големиот успех, пред американската публика, му го посвети на кошаркарот кој половина од својата професионална кариера го помина во дресот со број 24.
Се разбира, станува збор за Коби Брајант, а српскиот ас облече маичка на која имаше фотографија со него и поранешниот играч на Лос Анџелес Лејкерс. „Мамба засекогаш“ пишувашше на маичката со која Ѓоковиќ уште еднаш му оддаде почит на Коби кој на 26 јануари 2020 година загина во хеликоптерска несреќа, заедно со својата 13-годишна ќерка Џана.

На потегот на Ѓоковиќ реагираше сопругата на Коби, Ванеса Брајант која на Инстаграм испрати кратка порака: „Вистинските ги препознаваат вистинските“.