Едвај нешто повеќе од четири минути беше во игра центарот на МЗТ Скопје, Бојан Крстевски на денешното дерби против Пелистер во Битола.
При обид да го изблокира Амар Хот, искусниот репрезентативец стапна на ногата на противничкиот играч и остана да лежи на паркетот, гестикулирајќи притоа дека чувствува силни болки.
Откако неколку минути му беше укажувана помош, Крстевски со помош на соиграчите го напушти теренот. Засега нема информации дали центарот, евентуално, ќе се врати во игра во второто полувреме. Ако се работи за потешка повреда, Крстевски веројатно ќе го пропушти дербито против Работнички, претстојниот викенд.