(ВИДЕО) Партизан води со 26 разлика, Обрадовиќ урла по играчите

0Shares
0 0

Без поголеми проблеми, Партизан вечерва го победи Студентски центар со 79-57 и по три кола во АБА лигата има максимален ефект.

Сепак, освен убедливиот триумф, мечот го одбележа нервозата на Жељко Обрадовиќ во финишот од мечот, при водство на неговиот тим од 26 поени разлика (75-49).

Познато е дека трофејниот стручњак не сака опуштање во текот на сите 40 минути, без разлика на резултатот. Не е првпат да збесне кога некој од играчите не ги почитува неговите замисли.

0Shares
0 0