(ВИДЕО) По 18 години, Сакраменто „врза“ седум победи

0Shares
0 0

Сакраменто Кингс е најпријатното изненадување во НБА лигата оваа сезона. По 16 одиграни натпревари, тимот од главниот град на Калифорнија се најде на третото место на табелата во Западната конференција, а бележи резултати какви одамна не се видени.

Ноќва, Кингс славеа на гостувањето кај Мемфис со 113-109 и тоа е нивна седма победа во низа. Освен што е тоа најдолга актуелна победничка серија во лигата, првпат по сезоната 2004/05, оваа екипа успеа да победи на седум меча по ред. Интересно е тоа што со малку среќа и резултати по мерка, за два дена Сакраменто може да избие на чело на табелата на Западот. За потсетување, Кингс веќе 17 години чекаат пласман во плејофот, а пред почетокот на оваа сезона никој не ги сметаше како потенцијални учесници во разигрувањето за титулата.

Мечот против Мемфис го одбележа големата драма во финишот. Во последната четвртина Сакраменто водеше со 14 разлика (99-85), Мемфис се доближи на 105-108 на 22 секунди пред крајот, но не успеа да го направи последниот чекор.

Диерон Фокс со 32 и Херисон Барнс со 26 поени беа најзаслужни за победата на Кингс. Мемфис го имаше Џа Морант кој постигна 34 поени, 7 скока и 6 асистенции, но сепак го претрпе четвртиот пораз во последните пет натпревари.

0Shares
0 0