(ВИДЕО) Почнаа проблемите со Џејмс: Се скара со тренерот и замина во соблекувална

0Shares
0 0

Поради својот незгоден карактер, Мајк Џејмс лани мораше предвреме да си замине од ЦСКА, но изгледа дека ништо не научил од својот престој во Москва.

Иако е најплатен играч во Монако, американскиот плејмејкер денеска го направи првиот поголем проблем во актуелниот освојувач на титулата во Еврокупот. За време на еден тајм-аут од мечот со Анадолу Ефес, дојде до кавга меѓу него и тренерот по што Џејмс замина во соблекувална, на околу седум минути пред крајот на натпреварот.

Нешто подоцна се врати назад и седна на клупата за резервни играчи, но тренерот Звездан Митровиќ не го ни погледна и воопшто не падна збор дали Џејмс повторно ќе заигра.

На крајот Монако доживеа убедлив пораз со 77-98, а во следниот период ќе се знае дали денешниот инцидент ќе има натамошни реперкусии врз иднината на Џејмс во Монако.

0Shares
0 0