Само неколку недели е тренер на Асвел, а Џанмарко Поцеко веќе вторпат прави циркус на натпревари од Евролигата.
Вечерва францускиот тим беше поразен од Басконија на домашен терен, но последната четвртина ја играше без контроверзниот италијански стручњак на клупата. Поцеко беше исклучен пред крајот на третиот период поради две технички грешки, а втората ја доби поради расправија со судиите за прегледување снимка од спорна ситуација.
И кога беше исклучен, Поцеко не пропушти да направи шоу. Ги собра сите играчи на куп иако не е дозволено такво нешто, се обиде да ги мотивира и дури потоа го напушти теренот.