(ВИДЕО) Полудени тинејџери претепаа судија по кошаркарски натпревар

0Shares
0 0

Неверојатен инцидент одбележа кошаркарски училишен натпревар во гратчето Литонија, во околината на Атланта.

Незадоволни од судењето, навивачите, односно учениците во едно од училиштата, нападнаа арбитар и брутално го претепаа. Со оглед на тоа што се помали од него, судијата се обиде да се одбрани и нокаутира двајца од нив, но останатите го соборија и го претепаа.

Интересно е тоа што во салата паралелно се играа два натпревара, а судиите од другиот меч не се обидоа ни да му помогнат на својот колега. Претепаниот судија завршил в болница со дури 30 конци на лицето и телото.

0Shares
0 0