По исклучувањето на првиот тренер Мајк Мелоун во првата четвртина, екипата на Денвер до крајот беше предводена од помошникот Дејвид Аделман кој на крајот имаше и говор пред кошаркарите.
Во него специјално се осврна на најдобриот играч во тимот Никола Јокиќ кон кого на шега испрати и една мала провокација.
„Исклучувањето на Јокиќ нѐ засили“, рече Аделман, а Србинот со задоволство ја прифати шегата и додаде: „Особено во одбраната“.
Нагетс во Детроит дојоа до десеттата победа во сезоната и ја прекина мини-серијата од два пораза кои ги симнаа од лидерската позиција во Западната конференција.