Уште непочнат, третиот натпревар од финалната серија во АБА лигата е одложен поради инцидентот што го направија навивачите на Црвена Звезда.
Košarkaši Partizana su se povukli sa zagrevanja u “Pioniru”.#kkcz #KKPartizan pic.twitter.com/TfvuLqSir8
— Sportske.net (@sportske) June 18, 2023
Играчите на Партизан излегоа на теренот да се загреваат, но веднаш се вратија во соблекувалната откако кон нив полетаа запалки и уште „милион“ тврди предмети. По неколку минути, теренот го напуштија и домашните кошаркари.
Nismo isti.#KKPartizan #ABALiga pic.twitter.com/uWfXBXDAVk
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) June 18, 2023
Официјалниот спикер подоцна објави дека е можно да се испразни Пионир ако продолжи канонадата од трибините, а натпреварот ќе почне 25 минути откако двете екипи ќе се вратат на теренот.
Партизан води со 2-0 во финалната серија и ако вечерва победи, ќе ја освои седмата титула во АБА лигата, прва по пауза од десет години.