(ВИДЕО) Провокација од Вучиќ за Партизан: Првпат игра во Евролига!

0Shares
0 0

Навивачите на Партизан денеска се посебно гневни на српскиот претседател Александар Вучиќ по неговата изјава, дадена во утринска програма на една тамошна телевизија.

Зборувајќи за навредите кои секојдневно ги добива од фановите на „црно-белите“ и на социјалните мрежи и на натпреварите, Вучиќ се обиде да направи споредба за финансиските средства кои ги добиваат Партизан и Црвена Звезда. Притоа, можеби ненамерно, рече дека Партизан оваа сезона првпат настапува во Евролигата, за разлика од Звезда која таму учествува „5-6-7 години или колку веќе“.

Партизан беше редовен учесник во елитното европско натпреварување од 2001 до 2013 година, а претходно, во 1992 година стана европски шампион како прв и засега единствен српски клуб кому му успеало тоа. Уште два пати потоа, во 1998 и 2010 година, стигна до завршниот турнир од Евролигата.

0Shares
0 0